СООПШТЕНИЕ ЗА РОДИТЕЛИ

СООПШТЕНИЕ Почитувани родители, поради новонастанатата состојба, Ве информираме дека пријавувањето на деца за запишување во градинка можете да го направите со пополнување на пријава која можете да ја преземете овде Пријава за запишување Ве молиме пријавата да ја пополните во целост со сите брани податоци, во спротивно нема да биде процесуирана во рангирањето за прием. […]

ВАЖНА НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ДО РОДИТЕЛИТЕ

ВАЖНА НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ДО РОДИТЕЛИТЕ  Почитувани родители, Со оглед на тоа дека се јави потреба за давање на потврди за престој во градинка на Вашите деца и пред завршување на мерките, а по известување на МТСП, Ве информираме дека потврдите ќе се издаваат денес (четврток) 12.03.2020 година и (петок) 13.03.2020 година, од 12.00ч – 15.00ч  во управа на објект […]

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани родители,Ве известуваме дека по препорака на Министерството за труд и социјална политика Ве информираме дека потврди ќе се издаваат после завршување на мерките за заштита. Со почит, ЈОУДГ „ БАМБИ“ – Македонска Каменица

“Детските Новогодишни желби преточени во креации” работилница за родителите и дечињата при “Бамби”

“Детските Новогодишни желби преточени во креации” е насловот на работилницата која на 23.12 2019 година, со почеток од 14 часот ќе се одржи во детската градинка “Бамби” – Македонска Каменица. Во работилницата ќе учествуваат родителите со своите дечиња и воспитно- негувателскиот тим при ЈОУДГ “Бамби”. Ве покануваме, заедно да ги разубавиме Новогодишните празници за нашите […]

Започна хуманитарната акција „Од дете за дете“ во „Бамби“

Детската градинка „Бамби“ од Македонска Каменица во соработка со родителите и дечињата на 25. Ноември ја започна организацијата на хуманитарната акција „Од дете за дете“. Собирањето и распределувањето на обезбедениот хуманитарен материјал ќе биде координиран од Совет на родители во ЈОУДГ „Бамби“. Акцијата започна од 25. Ноември, а ќе трае до 05.Декември. Акцијата е организирана […]

Дечињата од Бамби уживаа во прикажувањето на анимираниот филм „Џиновска крушка“

Македонска Каменица, 06.11.2019 година – Денес, пред дечињата од ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица во Домот на култура на Македонска Каменица беше прикажан детскиот анимиран филм „Џиновската крушка“. Станува збор за анимиран филм со  синхронизација на македонски јазик е наменет за дечињата од предучилишна возраст. Денешното прикажување на „Џиновската крушка“ во Домот на култура во […]

ЈОУДГ „Бамби“ се стекна со Сертификат за квалитет ИАСС 2019-2021

ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица од Здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИАСС Скопје се стекна со „Сертификат за квалитет IASS 2019-2021“ По претходно спроведената анализа на интернет за позитивни спомнувања и екстерна анализа од аспект на услужливост и доверба, гаранција и нивото на квалитет на услугите кои ги испорачуваат како и позитивен пристап […]

Изјави за имотната состојба на директор, членови на управен и надзорен одбор во ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица

Врз основа на член  45 став 2 и став 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интeреси (,,Сл.весник на Р. Македонија,, бр.12/2019) директорот на ЈОУДГ „Бамби“ М.Каменица, членовите на управен и надзорен одбор дадоа изјави за спречување на корупција. Изјавите од членовите на управен и надзорен на следниов линк

Дечињата од „Бамби“ со честитка за Првиот роденден до лицата од Дневниот центар

Дечињата од нашата детска градинка заедно со воспитно негователскиот тим при „Бамби“ присуствуваа на денешното одбележување првиот роденден на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Со подготвени подароци, испишани пораки и тематски цртежи нашите дечиња на своите другарчиња од Дневниот центар им го честитаа роденденот, посакувајќи им уште многу дружење и весели заеднички настани […]