
Како една од многуте активности поврзани со претстојниот празник 8-ми Март – Меѓународниот празник на жената, ја издвојуваме и „Изработка на честитка за мајката“ како заедничка креација на нашиот воспитно- негователскиот тим и дечињата при ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица. Овие прекрасни креации, рачно изработени честитки, во чест на претстојниот празник ќе бидат испратени до повеќето институции од нашиот град, како и до останатите детски градинки и воспитно-образовни институции од регионот.
„Во детските градинки се воспитуваат и образуваат децата, нашата иднина од воспитувачи и негуватели кои најодговорната и највлагородната ја работат со голема љубов и посветеност, со цел кај децата да ги потикнат и негуваат правите вредности кои ќе им бидат патоказ во понатамошниот живот. Затоа овие прекрасни креации нека бидат честитка за престојниот празник 8-ми Март – Ден на жената, за сите жени храбри и истрајни личности какви што секој од нас ги има во својот живот“.
Фотогалерија, дел прекрасно рачно изработените креации: