
Почитувани,
ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица, воведе уште една новина во работењето, со цел подобрување на условите и услугите што ги нуди како Јавна воспитно-образовна установа.
Ве известуваме дека секоја прва сабота во месецот, започнувајќи од месец Март, ќе биде работна. Родителите – корисници, заинтересирани за оваа новина во нашето работење, потребно е претходно да го пријават присуството на дечињата во просториите од установата, кај вработените од нашиот воспитен тим или електронски на следдниов e-mail: bambi@bambi.mk. Во текот на новиот работен ден , односно прва сабота во месецот, ЈОУДГ „Бамби“ ќе работи со вообичаени активности како и секој друг работен ден во месецот, а со капацитет според бројот на пријавени дечиња за присуство.
ЈОУГ „Бамби“ – Македонска Каменица