Со многу детски џагор и емоции, преку игра и песна, денес беше одбележан 8-ми Март – Денот на жената во ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица. Програмата од денешната активност беше претставена само пред дечињата и нашиот воспитно-негователски тим. Дечињата, сите поделени во групи според својата возраст се претставија со своја точка. Беа рецитирани неколку рецитали посветени на „Мајката“, изработени прекрасни честитки за мајките на дечињата, нивни детски песнички и разни игри. Оваа наша активност, по повод 8-ми Март, се оддржува секоја година во организација на воспитно-негователскиот тим од ЈОУДГ „Бамби“. Годинава наши гости беа дечињата од ЦПЛИП „Порака“ од Македонска Каменица, со кои разменивме скромни подароци и многу радост и смеа помеѓу дечињата.

„Кога само еден ден сите мајки на светот би ја имале целокупната власт, најпрвин ќе ги уништат сите пушки и куршуми во светот и во тој ден ќе ги нахранат сите гладни цечиња ширум светот“ – беше мотото под кое беше организирана овогодинешната активност по повод, Денот на жената.

Погледнете ја богатата фотогалерија креирана во текот на нашата денешна активност, во која можете да ги видите и креативните честитки изработени од дечињата и боспитно-негователски тим, како и делентериерната декорација на нашата детска градинка:

 

 

                             

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *