Денес, 21 Март 2018 година ЈОУДГ „Бамби“ од Македонска Каменица го прославува својот 27-ми роденден. По тој повод ќе биде приредена богата програма од дечињата и нашиот воспитно- негователски тим. Вкупно 27 генерации на дечиња од нашиот град поминале низ „јаслите“ и „занималните“ од детската градинка „Бамби“ што за нас како вработени е од голема радост и особен значај. Покрај активностите поврзани со Денот на пролетта и засадување на дрвца и цвеќиња во нашиот двор, ќе биде изведена и пригодна програма во просториите на нашата установа. Во вториот дел од предвидената програма за денес, имаме организирано театарска претстава „Малата сирена“ во изведба на глумци од Театарот при Дом на култура – Демир Капија. Претставата ќе биде изведена во Дом на култура во Македонска Каменица во присуство и на родителите на дечињата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *