
Низ игра и смеа, на 21. Март преубавиот Ден на пролетта, Ние детска градинка „Бамби“ од Македонска Каменица го прославивиме нашиот 27-ми роденден. Премногу радост и смеа на детските лица, радост и возбуда имаше кај секое од дечињата. Од најмалите, до највозрасните покрај спремените цртежи, песни и игри за роденденот на својата најсакана „Бамби“, заедно со своите родители, имаа можност да присуствуваат на прекрасна театарска претстава „Малата сирена“. Претставата се оддржа во Дом на култура во Македонска Каменица, а беше во целосна изведба на театарска група при Дом на култура – Демир Капија.
Секое од дечињата по повод роденденот и патрониот празник на нашата „Бамби“ доби сладок колач, а тие за возврат со помош од своите воспитувачки и негователки со многу насмевки, радост и смеа и го честитаа роденденот преку своите приготвени цртежи, игри и песна.
Фотогалерија од дел активностите од роденденот на нашата „Бамби“: