Денес, 26 Март 2018 година, ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица беше посетена од офталмолошки тим кој изврши бесплатни прегледи (скрининзи) кај дечињата како дел од продолжението на проектот за рано откривање на аномалии поврзани со видот кај дечињата до 6 годишна возраст.
Како најголема причина за предизвикување на овие нарушувања на видот кај дечињата според офталмолошкиот тим кој денес ја посети ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица, беа наведени штетните влијанија од екраните на телефоните и телевизорите.
Проектот е поддржан од Министерството за труд и социјална политика и е организиран за навремено откривање и превенирање на аномалиите кај дечињата до 6 годишна возраст. Резултатите од денешните прегледи ќе бидат доставени до сите родители на децата, без разлика на дијагностичкиот наод. Сите родители според потребите од наодите при прегледите треба да пристапат по препораката наведена од офталмолошкиот тим.