
Секоја година во целиот свет се одбележува Денот на планетата Земја. Кон разните акции на многу здруженија и организации кои ќе се обидат уште еднаш да упатат апел за важноста на чистата околина и годинава се приклучи и ЈОУДГ „Бамби“ од Македонска Каменица.
Дечињата и воспитно-негователскиот тим, преку своите цртежи креативни дела уште еднаш ја нагласија потребата за поголема грижа за Земјата, единствениот дом кој го имаме. Потребата да се борат за зачувување на природата, морињата, водата за пиење, шумите и другите природни ресурси е едно од начелата според кое треба да се водат сите идни генерации. Дечињата изработија свои цртежи и креативни дела под мотото „Земјата е нашиот единствен дом – Човекот мора да го смени своето однесување и да престане да ги уништува сите богатства и убавини на Земјата“
Фотогалерија:
Дечињата од нашата „Бамби“ во Македонска Каменица дадоа одличен пример како отпадот може да се користи за игра, користејќи го како материјал за изработка на украси во својата креативна работилница.