Во претхониот период, пред околу 2 месеци, ви кажавме дека дечињата од нашата „Бамби“ засадија еко-градина, со разноврсни зеленчукови производи. Во текот на целиот период, дечињата и воспитниот тим од „Бамби“ се грижеа за истата, ја наводнуваа, додаваа потребна количина на ѓубриво и ја чуваа својата градина од студот. Накратко, научија како се одгледуваат раноградинарски култури. Сега, кога еко-градината веќе ги даде првите плодови за берба, сакаме да ви покажеме како изгледа бербата на истите и неколку начини на нивна подготовка за јадење.

Погледнете ја фотогалеријата од заедничките активности на дечињата и воспитниот тим од нашата „Бамби“ како дел од проектната активност Берба на здрава храна и начини на подготовка за конзумирање:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *