ЈОУДГ „Бамби“ од Македонска Каменица ги известува родителите дека врши упис на деца за учебната 2018/19 година во

„ГОДИНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ НА УЧИЛИШТЕ“

за деца родени во 2013 година.

 

Уписот ќе се врши со Извод од матична книга на родени за детето и Потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето во просториите на Градинката во периодот од 08:00 часот до 15:00 часот секој работен ден од 14. Мај до 30. Јуни 2018 година.

Исто така ги информираме родителите дека вршиме упис на деца во целодневен престој од 7 месеци до 6 годишна возраст.

Согласно Законот, Градинката врши упис и на школски деца на возраст од 6 до 10 години, во периодот после часовите во училиштето.

Со цел навремено формирање на групите, Градинката информира дека е неопходно децата да бидат пријавени во горе наведениот рок за пријавување.

ВД Директор – Снежана Златановска

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *