Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, а претставува и можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Оттогаш 20-ти ноември се развил во ден на кој се фокусирало вниманието на потребите на децата и нивните фамилии. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето.

Во рамки на Манифестацијата – „Недела на детето“ која што секоја година се одбележува во текот на првата недела од месец Октомври, детската градинка „Бамби“ од Македонска Каменица го одбележува настанот со пригодна програма. Со редица активности во кои учествуваат дечињата и вработените при установата, се обидовме преку игра и песна да го поттикнеме и афирмираме значајот на правата на децата, со акцент ставен врз одговорноста целата заедница за нивно правилно воспитување и социјализирање.
„Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет“.
Активностите околу оддбележувањето на „Недела на детето“ започнуваат денес со почеток од 9 часот во дворот на детската градинка. Програмата е организирана заедно со децата посетители на Центарот на лица со посебни потреби во Македонска Каменица. Дечињата го посетија Центарот за лица со посебни потреби, при што посетата беше возвратена во текот на програмата во која учествуваа дечињата од детската градника, аучество земаа и лицата од Центарот.

Неделава покрај Центарот за лица со посебни потреби, дечињата од детската градинка „Бамби“ ќе имаат можност да посетат дел од институциите во градот и тоа: пошта и банка, Дом на култура и Библиотека, како и општинската административна зграда во Македонска Каменица

Во прилог може да погледнете повеќе фотографии од денешната програма, доколку кликнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *