Во рамки на Манифестацијата „Недела на детето“, дечињата од „Бамби“ вчера го посетија кабинетот на градоначалничката Соња Стаменкова. При посетата од едукативен карактер дечињата имаа можност да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, како и надлежностите на функцијата градоначалник. Како функционира општината, кои се нејзините ингеренции и одблиску да се запознаат со начините на кои се менаџираат секторите преку кои се олеснува животот на граѓаните во Општината.

Покрај посетата на поштата и една од банките во градот, дечињата имаа можност да го посетат и Домот на култура и Библиотеката во нашиот град и да се запонзаат со начинот на кој функционираат овие институции во градот и каква е нашата потреба од нив.

Денес, повозрасните дечиња од „Бамби“ учествуваат во спортски игри организирани од детската градинка „Весели Цветови“ во Делчево, а помалите групи беа дел од спортски активности во склоп на „Бамби“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *