Нашите дечиња се вклучија во подготовка на зимница. Најпрвин плодовите ги набравме од нашата зеленчукова градина, потоа уредно ги измивме и исчистивме. Истите ги исецкавме и приготвивме за складирање во садови, со што добивме вкусна зимница. Ова накратко е описот на активноста преку која, сакаме кај дечињата да ја поттикнеме љубопитноста за начинот на подготовка на зимницата, како и важноста од вклученоста на зеленчукот во исхраната на децата.
Целосна фотогалерија од програмската активност „Зимница наша вкусна“ можете да погледнете овде.