
Почитувани родители,
Ние, дечињата од „Бамби“, Ве покануваме на нашата хуманитарна работилница „Волшебствата на Есента да ги преточиме во љубов, смеа и креативни дела“. Хуманитарната работилница, ќе се одржи во холот на „Бамби“. Повелете во петок на 02.11.2018 од 10:00 часот, заедно да креираме хуманост и радост.
Работилницата ќе содржи креативен дел, во кој Вие со вашите дечиња ќе имате можност заеднички да изработите „Есенски декор“. Потоа, на изработениот декор заеднички ќе му одредиме цена и истиот ќе биде на продажба за сите присутни посетители. Собраните средства од работилница ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
*Оваа работилница има за цел да ги поттикне креативноста и хуманоста кај децата.
Ви благодариме за присуството
Дечињата од „Бамби“