Хуманитарна работилница “Волшебствата на Есента да ги преточиме во љубов и смеа и креативни дела” се одржана денес во просториите на детската градинка Бамби во Македонска Каменица.

На работилницата земаа учество родителите заедно со нивните деца и истата содржеше креативен дел, во кој децата со помош на нивните родители имаа можност самостојно да изработат есенски декорации. На крајот, на сите изработки им беше одредена симболична цена и истите беа продавани. Собраните парични средства беа наменети за хуманитарни цели. Целта на оваа активност беше да се поттикне креативноста и хуманоста кај децата.

Голема благодарност до родителите кои беа дел од овој настан и придонесоа успешно да се реализира оваа хуманитарна акција.

Фотографиите од денешната хуманитарна работилница можете да ги погледнете тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *