
Денес на сцената од Домот на Култура – Македонска Каменица, со почеток во 9 и 30 часот, се одржа претставата за деца „Волшебната шума“. Театарската претстава е во организација на КИЦ “Романса” – Македонска Каменица, за која изразуваме голема благодарност во наше име и во име на дечињата од “Бамби”.
Станува збор за театарска продукција која е наменета за деца, со цел збогатување на културната понуда и истата е дел од програмата на детската градинка ”Бамби” од М.Каменица.
Целта на овој настан беше, децата од предучилишните групи да се запознаат со театарската уметност и да ја стекнат театарската култура за посетување на претстави во театар.
Целосната фотогалерија можете да ја погледнете тука.