
ЈОУДГ „БАМБИ“ – Македонска Каменица ги известува родителите дека Министерството за здравство донесе указ за забрана за примање на деца во детските градинки кои не се вакцинирани од МРП (морбили,рубеола и паротит).
Врз основа на горе наведеното Министерството за труд и социјална политика укажува дека треба да се почитуваат одлуките коишто се донесени од страна на Министерството за здравство.
Укажувањата и препораките се во насока превенција и поголема безбедност на децата.
Согласно Одлуката на Министерството ЈОУДГ „БАМБИ“ Македонска Каменица ги информира родителите дека заради првенција, безбедност и заштита на децата, нема да прима деца во установата кои не се вакцинирани.
Истовремено ги информираме родителите дека казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра.