По повод 8-ми Март “Денот на Мајката”, во детската градинка Бамби – Македонска Каменица, во петок 01.03.2019 година, со почеток од 10:00 часот, ќе биде органзирана работилница на која ги покануваме да учествуваат нашите родители и најблиски.

Родители, “Цвет за Мама” е работилница, на која, ние дечињата од Бамби заедно со Вас ќе се обидеме да користиме исклучиво природно-еколошки материјали во изработката на нашите заеднички дела. Имагинацијата и креативноста, родители, овој пат оставаме да биде ваша задача.

Повелете, во петок од 10:00 часот да се дружиме и да креираме, по повод најубавиот празник за нас дечињата, 8-Ми Март – Празникот на нашите Мајки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *