
„Бамби роденден слави – пролетта милна ја кани“ е мотото под кое годинава детската градинка „Бамби“ – Македонска Каменица ќе го обележи својот патронен празник, 21 Март – Денот на пролетта.
Во рамки на обележувањето на празникот на пролетта и партониот празник на градинката, сите дечиња од 2 од 6 годишна возраст ќе учествуваат во пригодната програма, подготвена заедно со воспитниот тим при установата.
Претставата е со почеток од 10:00 часот, во холот од детската градинка.
Дечињата од детската градинка „Бамби“, оваа прилика ја користат да ги поканат своите родители, и тие со останатите гости да бидат дел од публиката, за сите заедно да го одбележат празникот на својата детска градинка.