Детската градинка „Бамби“ – Македонска Каменица, денес го одбележа својот 28 роденден и патрониот празник Денот на пролетта, под мотото „Бамби роденден слави, пролетта милна ја кани“.

Приредената програма во изведба на дечињата од 2 до 6 годишна возраст, имаа можност да ја проследат бројните присутни родители и гости во нашата „Бамби“. Претесен беше просторот за сите во холот од  детската градинка, додека дечињата ги изведуваа точките од програмата, подготвена заедно со воспитниот тим на ЈОУДГ „Бамби“.

Присутните родители и гости, дечиња на Бамби и вработени во воспитно-негователскиот тим ги поздрави директорката на установата, Снежана Златановска, која ја искористи можноста да им посака многу здравје, радости и смеа на сите дечиња, убави моменти во растењето и уште многу години и идни генрации да бидат дел од “Бамби” – Македонска Каменица.

Во продолжение можете да погледнете неколк фотографии од роденденот на „Бамби“.
Видеото од роденденот на Бамби се подготвува. Истото ќе можете да го погледнете на нашата официјална фејсбук страна.
Ви благодариме!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *