
Детската градинка Бамби ги информира родителите на децата о 3 ддо 6 годишна возраст, дека по повод 1.Април – Денот на шегата ќе се одржи традиционалниот првоаприлски маскенбал. Годинешниот маскенбал, организиран во чест на детската смеа и радост, ќе се одржи под мотото „НИЕ СМЕ ШЕГОБИЈЦИ – Први Април, Ден на шегата априли ли ли“
Дефилето кое започнува во 09:30 часот пред детската градинка Бамби, ќе се движи по улиците Осоговска и Александар Македонски до градскиот плоштад во Македонска Каменица. По краткото претставување на креациите и маските на дечињата на градскиот плоштад, враќањето кон Бамби ќе се одвива по улиците Александар Македонски и Самоилова.
Дечињата до 3 годишна возраст, ќе бидат дел од маскенбалот организиран во дворот на нашата Бамби.
Напомена: Се замолуваат родителите да обезбедат соодветна маскенбалски костими, облека и маски за своите дечиња.