
Македонска Каменица, 20. Мај 2019 година – По повод Денот на пожаниркарите, припадниците на ТППЕ Македонска Каменица во дворот од каменичката детска градинка „Бамби“ изведоа показно-тактичка вежба за интервенирање при извршување на операции во случај на пожар и симулирано извекување на повредени лица при непогоди и несреќи од ваков вид.
„Настанувањето на пожарите се негативен, но за жал понекогаши неминовен дел од нашите животи. Настанувањето на пожарите и елементарните непогодисеуште најчесто не можеме да ги предвидиме, но тоа не значи и дека треба да дозволиме истите да не затекнат целосно неподготвени. Обучувањето на децата од најмала возраст за правилна евакуација во случај на пожар или елементарни непогоди е неопходност која треба да стане дел од државната стратегија на Република Северна Македонија за справување со кризни ситуации. Причината и потребата за познавање на правилна постапка за евакуација е очигледна – спасува животи. ТППЕ од Македонска Каменица потсетува дека треба да се изгради совеста дека сите сме повикани да вложуваме напори да не дојде до пожар од една и доколку дојде пак до негова појава сите да учествуваме во негово гаснење од друга страна. Само така би се создал нов амбиент за спречување и гасење на пожарите и оневозможување да дојде до поголеми штети и загуби“, – извадок од предавањето кое денес им беше презентирано на дечињата од нашата „Бамби“ и присутните на настанот со кој се одбележа Денот на пожарникарите во кругот на установата.
Акцијата пред вработените во установата и дечињата при „Бамби“ беше изведена со две противпожарни возила, од страна на шест професионални пожарникари, во присуство на екипа за Итна помош од Здравствениот дом во Македонска Каменица и припадници на полицијата.
Командирот на ТППЕ Македонска Каменица Малин Трајчевски даде известување за текот и начинот на реализација на акцијата до градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и Снежана Златановска, директорка на ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица, како раководно лице на установата каде што беше изведена вежбата. Исто така, командирот на единицата Малин Трајчевски во своето кратко обраќање до присутните им го честиташе празникот на сите пожарникари при ТППЕ Македонска Каменица и на колегите пожарникари во републиката, упатувајќи поздрав до сите присутните на настанот и до жителите на Општината.
На тактичко-показната вежба беше присутна и градоначалничката на општината, Соња Стаменкова која го искористи своето присуство на сите вработени во ТППЕ – Македонска Каменица да им го честита празникот и да им посака уште многу професионални успеси, пренесувајќи им порака дека Локалната самоуправа и во иднина ќе работи во интерес на сите, за подобрување на капацитетите и условите за работа на единицата.
На настанот, покрај дечињата и вработените во ЈОУДГ „Бамби“, исто така присуствуваа и ја следеа изведбата на вежбата и штитениците и вработените во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.