Дечињата од нашата детска градинка заедно со воспитно негователскиот тим при „Бамби“ присуствуваа на денешното одбележување првиот роденден на Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Со подготвени подароци, испишани пораки и тематски цртежи нашите дечиња на своите другарчиња од Дневниот центар им го честитаа роденденот, посакувајќи им уште многу дружење и весели заеднички настани како денешниот.

На настанот, заедно со дечињата присуствуваше и директорката на ЈОУДГ „Бамби“, Снежана Златановска и градоначланичката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *