Надлежност на Установата
Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој како дејност се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, односно до вклучување во основото образование. Детска градинка може да обезбедува престој и исхрана и за деца над шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст.Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој го сочинуваат сите правни и физички лица на територијата на Република Македонија чија основна дејност е вршење работи поврзани со згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.
Директор на ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица
Тодорка Велиновска, дипл.професор по предучилижно воспитание и образование со 12 години работно искуство во Установата како воспитувач. Од јануари 2022 г. е ВД Директор на установата.
Е-маил: velinovskatodorka@gmail.com
Телефон: 071/737-701
Службено лице за посредување информации од јавен карактер, Анка Стоименовска
Е-маил: astoimenovska@yahoo.com
Телефон: 033/431-227
Службено лице за заштитено внатрешно пријавување, Соња Велиновска
Е-маил: sonjavelinovska@hotmail.com
Телефон: 078/423-574