Денес како организатор на акцијата „Од тато за мама“ – „Од дедо за баба“, ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица беше домаќин на голем број родители кои дојдоа заедно со своите дечиња да изготват честитки и подароци за своите сопруги и мајки, по повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената. Денот беше претворен во среќа, смеа и џагор, а радоста на дечињата беше огромна. Задоволството беше присутно и кај родителите, восхитени од самата идеја за организирање на еден ваков настан. Родителите кои денес беа дел оваа прекрасна активност, која беше искористена и за кратка родителска средба, покрај тоа што изразија воодушевување од овој креативен начин на инерактивност помеѓу родителите и дечињата, укажаа особена заинтересираност и позитивни реакции од редовното отпочнување на проектот „Прва работна сабота во месецот“.

Во четврток, на 8-ми Март следува уште една наша активност со дечињата од „Бамби“ по повод 8-ми Март – Денот на жената, која ќе се оддржи во просториите на ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица. Оваа приредба ќе биде намената само за дечињата од детската градинка и нашиот воспитно-негователски тим.
Во прилог, следуваат фотографии од нашата денешна активност „Од тато за мама“:

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *