ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РОДИТЕЛИ ОД ЈОУДГ “БАМБИ” МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РОДИТЕЛИ ОД ЈОУДГ “БАМБИ” МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПОЧИТУВАНИ, ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ЗА УТВРДЕН РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА ВОСПИТУВАЧИ И НЕГОВАТЕЛИ ПРИ УСТАНОВАТА. ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК ВО ЈОУДГ “БАМБИ” ИМА ДЕЖУРЕН ВОСПИТУВАЧ ЗА ПРИЕМ НА ДЕЧИЊАТА, А ЗА ИСПРАЌАЊЕ НА ИСТИТЕ ИМАМЕ ДЕЖУРЕН НЕГОВАТЕЛ. ДЕЖУРНИОТ ВОСПИТУВАЧ ДОАЃА ВО 06:30 ЧАСОТ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПОТРЕБИТА […]

СООПШТЕНИЕ ЗА РОДИТЕЛИ

СООПШТЕНИЕ Почитувани родители, поради новонастанатата состојба, Ве информираме дека пријавувањето на деца за запишување во градинка можете да го направите со пополнување на пријава која можете да ја преземете овде Пријава за запишување Ве молиме пријавата да ја пополните во целост со сите брани податоци, во спротивно нема да биде процесуирана во рангирањето за прием. […]

Дечињата од „Бамби“ со честитка за Првиот роденден до лицата од Дневниот центар

Дечињата од нашата детска градинка заедно со воспитно негователскиот тим при „Бамби“ присуствуваа на денешното одбележување првиот роденден на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Со подготвени подароци, испишани пораки и тематски цртежи нашите дечиња на своите другарчиња од Дневниот центар им го честитаа роденденот, посакувајќи им уште многу дружење и весели заеднички настани […]

„ПРОМЕНИ СТАВ БИДИ ЗДРАВ“ работилница за здрав и правилен развој на децата

ПРОМЕНИ СТАВ БИДИ ЗДРАВ Во рамки на заедничкиот настап на здружението „Еднакви за сите“ – Кочани и ЕД „Здравец 2002“ – Македонска Каменица, децата од Детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица имаа можност да се запознаат со корисни навики во однос на правилниот и здравиот начин во исхрана и балансот со постојаните физички активности. На […]

Завршна приредба на 07. Јуни за дечињата од претшколска возраст во детската градинка „Бамби“ – Македонска Каменица

Во просториите на ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица, на 07. Јуни 2019 година во петок, со почеток од 09:30 часот, ќе се одржи завршната приредба на дечињата од претшколска возраст.Со богата и разновидна програма под наслов „Збогум градинке – Здраво училиште“ секое од дечињата ќе настапи пред своите родители со своја детска уметничка точка. На […]

Одбележување на Денот на пожарникарите со показно-тактичка вежба во ЈОУДГ „Бамби“

Македонска Каменица, 20. Мај 2019 година – По повод Денот на пожаниркарите, припадниците на ТППЕ Македонска Каменица во дворот од каменичката детска градинка „Бамби“ изведоа показно-тактичка вежба за интервенирање при извршување на операции во случај на пожар и симулирано извекување на повредени лица при непогоди и несреќи од ваков вид. „Настанувањето на пожарите се негативен, […]

Работилница “Велигденско јајце”

По повод големиот христијански празник Велигден, денес 25.04.2019, во детската градинка БАМБИ М.Каменица се одржа работилница “Велигденско јајце“ за подготовка на Велигденски јајца и Велигденски украси. На работилницата учествуваа децата од 0 до 6 години,кои со помош на воспитувачките и негователките ги искористија нивните креативности и ги подготвија велигденските јајца. Фотогалеријата од креациите врз велигденските […]

Воспитниот кадар и стручните работници од ЈОУДГ „Бамби“ учествуваа на обука организирана од Бирото за развој на образованието

Воспитниот кадар, стручните работници и соработници од ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица учествуваше на регионална обука која беше организирана од страна на Бирото за развој на образованието на тема „Водење на педагошката евиденција и документација во хартиена форма во детска градинка“. Предавач на обуката која се одржа во ОЈУДГ „Гоце Делчев“ –  Виница беше д-р […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО РОДИТЕЛИТЕ ПО ПОВОД ПРЕТСТОЈНИОТ ПРВОАПРИЛСКИ МАСКЕНБАЛ НА „БАМБИ“

Детската градинка Бамби ги информира родителите на децата о 3 ддо 6 годишна возраст, дека по повод 1.Април – Денот на шегата ќе се одржи традиционалниот првоаприлски маскенбал. Годинешниот маскенбал, организиран во чест на детската смеа и радост, ќе се одржи под мотото „НИЕ СМЕ ШЕГОБИЈЦИ – Први Април, Ден на шегата априли ли ли“ […]

“Бамби” го прослави 28-от роденден под мотото “Бамби роденден слави, пролетта милна ја кани”

Детската градинка „Бамби“ – Македонска Каменица, денес го одбележа својот 28 роденден и патрониот празник Денот на пролетта, под мотото „Бамби роденден слави, пролетта милна ја кани“. Приредената програма во изведба на дечињата од 2 до 6 годишна возраст, имаа можност да ја проследат бројните присутни родители и гости во нашата „Бамби“. Претесен беше просторот […]