По повод 21 Март – Денот на пролетта, во соработка со ЈП Камена Река, во нашиот детски двор засадивме неколку дрвца и цвеќиња. И покрај лошите временски услови, успеавме во намерата дечињата при ЈОУДГ „Бамби“ и дел од нашиот воспитно-негователски тим да засадат неколку зимзелени дрвца и поголем број на пролетни цвеќиња. Покрај одржаното предавање на тема „Зошто треба да ја чуваме прирпдата чиста“ од страна на стручни лица од ЈП Камена Река, беше организирана и еколошка акција во која целиот двор од нашата детска градинка беше исчистен од страна на вредните дечиња и нашиот воспитно-негователски тим.

Гостин на денешните активности во нашата детска градинка „Бамби“ – Македонска Каменица, беше и градоначалникот на нашата општина, Соња Стаменкова. Градоначалникот Стаменкова учествуваше во акцијата на засадување садници и на дел многубројните пролетни цвеќиња.

Фотогалерија од дел на денешните еко-активности:

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *