Денес, дечињата од нашата „Бамби“ – Македонска Каменица, по повод 1-ви Април – Денот на шегата, го наполнија градот со насмевки, весели песнички полни со смеа и детски џагор. Беше организирана кратка прошетка низ централните градски улици, како и едночасовно дружење на градскиот полштад во Македонска Каменица, каде родителите, роднините и другарчињата можеа да ги видат маскираните дечиња од „Бамби“. Годинешниов маскенбал во кој учествуваа сите дечиња од 2 до 6 годишна возраст, го организиравме под мотото „Бамби се смее, градот се радува“. Иако одлуката беше тешка, а изборот навистина голем, избравме најдобра и најубаво изработена маска. „Сунгер Боб“ и „Клеопарта“ ги добија наградите за прво место, кои беа специјално подготвени од нашата „Бамби“.

Најдобро изработена маска “Сунѓерот Боб”, победник кај дечињата од малата група:

Маска победник “Клеопатра” кај дечињата во големата група:

Фотогалерија од денешниот маскенбал „Бамби се смее, градот се радува„:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *