И дечињата од ЈОУДГ „Бамби“ се придружија кон одбележувањето на Денот на пожарникарите. По тој повод, заедно со својот воспитен тим денес ја посетија ТППЕ во Македонска Каменица. При посетата од страна на пожарникарскиот тим беше оддржано предавање за начинот на кој настануваат пожарите и средствата со кои истите се спречуваат.

Пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица добија и подарок од дечињата на „Бамби“, претходно изработена макета на пожарникарско возило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *