Денес во просториите на ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица, се оддржаа завршните приредби на дечињата од претшколска возраст. Со богата и разновидна програма под наслов „Збогум градинке – Здраво училиште“ секое од дечињата настапи пред своите родители со своја детска уметничка точка. Многу детски џагор, возбуда и солзи радосници дечињата се простија одд својата „Бамби“, ветувајќи дека ќе бидат вредни и примерни ученици во новата учебна година како првачиња. На приредбата со пригодна програма присуствуаа и голем број на родители кои уживаа во уметничките детски точки на своите дечиња. Дечињата пак, за својот труд од својата сакана „Бамби“ добија подароци и дипломи за досегашниот вложен труд, кои им беа врачени од нивните воспитувачки. Приредбите беа организирани во занималните на дечињата.
Фотогалерија од приредбата „Збогум градинке – Здраво училиште“:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *