Детската градинка „Бамби“ – Македонска Каменица, продолжува со активностите поврзани со подобрување на уловите за работа на воспитно-негователскиот тим и престојот на дечињата во установата и постепеното обновување на дотраениот инвентар.
Во изминтиот период со вкупно издвоени средства од 105.000 денари, ЈОУДГ „Бамби“, за прв пат после 27 години, набави над 50 нови столчиња и 12 масички, со што комплетно се опремени 2 замнимални простории. Набавена е и нова аудиовизуелна опрема за потребите на дечињата, поставена во холот од установата.

Набавени се повеќе преносни и десктоп компјутери, вработените се опремени со нови работни униформи. Детската градинка на чело со директорката Снежана Златановска, значително инвестира и во дообучување на воспитно-негователскиот кадар. Според потребите на установата, вработените посетуваат потребни обуки и семинари, со кои во иднина, ќе се имплементираат најновите практики од работењете на установите во развиените земји.
Во наредниот период, исто така е планирано и комплетно уредување на нова занимална за деца од две до шест годишна возраст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *