Хуманитарна есенска работилница во организација на “Бамби”

Хуманитарна работилница “Волшебствата на Есента да ги преточиме во љубов и смеа и креативни дела” се одржана денес во просториите на детската градинка Бамби во Македонска Каменица. На работилницата земаа учество родителите заедно со нивните деца и истата содржеше креативен дел, во кој децата со помош на нивните родители имаа можност самостојно да изработат есенски […]

Хуманитарна работилница „Есенски дар“ во детската градинка „Бамби“

Почитувани родители, Ние, дечињата од „Бамби“, Ве покануваме  на нашата хуманитарна работилница „Волшебствата на Есента да ги преточиме во љубов, смеа и креативни дела“. Хуманитарната работилница, ќе се одржи во холот на „Бамби“. Повелете во петок на 02.11.2018 од 10:00 часот, заедно да креираме хуманост и радост. Работилницата ќе содржи креативен дел, во кој Вие […]

„Зимница наша вкусна“ – подготвена од дечињата со плодовите од нашата зеленчукова градина

Нашите дечиња се вклучија во подготовка на зимница. Најпрвин плодовите ги набравме од нашата зеленчукова градина, потоа уредно ги измивме и исчистивме. Истите ги исецкавме и приготвивме за складирање во садови, со што добивме вкусна зимница. Ова накратко е описот на активноста преку која, сакаме кај дечињата да ја поттикнеме љубопитноста за начинот на подготовка […]

Меѓународен ден на здравата храна во „Бамби“

Во детската градинка „Бамби“ денеска беше одбележан Светскиот ден на здрава храна. По препорака од Министерството за труд и социјална политика на овој ден се организира одбележување на Национален ден на здрава храна во јавните установи низ државата. Децата цртаа здрава храна, учеа кои се деловите на растението, по што се разликува овошјето од зеленчукот, како […]

Дечињата од „Бамби“ го посетија споменикот на народниот херој Вера Јоциќ

Дечињата од нашата „Бамби“ денес во претпразнична атмосфера го посетија споемникот на народниот херој Бера Јоциќ, при што на свој детски начин оддадоа почит и положија свежо цвеќе. Посетата на споменикот по повод 11 Октомври – Ден на македонското востание за слобода и почеток на НОБ, наставно-воспитувачкиот тим ја искористи за кратко едукативно раскажување на […]

Фотогалерија од учеството на дечињата од “Бамби” на спортските игри во Делчево

Фотогалерија од учеството на дечињата од “Бамби” на спортските игри во Делчево, во рамки на “Недела на детето, на покана од детската градинка “Весели Цветови”. Дечињата се натпреваруваа во повеќе интересни детски спортски дисциплини, другаруваа со врсниците од останатите детски градинки учесници на Манифестацијата. Преку фотографии ви пренесуваме дел од атмосферата во текот на Манифестацијата: […]

„Спортуваме, се радуваме и другаруваме“ – активност по повод Недела на детето

Манифестацијата „Недела на детето“ ја завршивме со спортски игри во холот на „Бамби“ каде помалите дечиња имаа можност преку игра и забава да се натпреваруваат со другарчињата. Недела на детето е светска Манифестација која секоја годдина се оддржува во текот на првата недела од октомври. „Бамби“ се приклучи кон одбележувањето со секојдневна програма во текот […]

„Неделата не детето“ ја одбележавме со едукативни посети на повеќе институции во градот

Во рамки на Манифестацијата „Недела на детето“, дечињата од „Бамби“ вчера го посетија кабинетот на градоначалничката Соња Стаменкова. При посетата од едукативен карактер дечињата имаа можност да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, како и надлежностите на функцијата градоначалник. Како функционира општината, кои се нејзините ингеренции и одблиску да се запознаат со начините на […]

Недела на детето – Посета на пошта и банка

Во рамки на одбележувањето на Недела на детето, денес дечињата на „Бамби“ ги посетија просториите на поштата и на една од банките во градот. При посетата имаа можност одблиску да се запознаат со начинот на кој функционираат, која е нивната примена и нашата потреба од такви институции во секојдневието. Утре дечињата ќе ги посетат Домот […]

Детската градинка „Бамби“ ја обележува „Неделата на детето“

Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, а претставува и можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Оттогаш 20-ти ноември […]