ЈОУДГ „Бамби“ ги известува родителите на децата корисници на услугите на установата, дека детската градинка ќе работи непрекинато за време на претстојниот зимски распуст. Дечињата од сите возрасти ќе можат да ја посетуваат детската градинка секој работен ден, во текот на постојаното работно време.
Со тоа се избегнуваат додатни обврски кои во текот на минатите години претставуваа потешкотија за родителите и дечињата. Годинава установата ќе работи непречено во текот на зимскиот распуст, а родителите, ќе имаат можност сами да одлучат дали дечињата во текот на зимскиот распуст ќе ја посетуаваат детсата градинка.

ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *