ЈОУДГ „Бамби“ од Македонска Каменица ги известува родителите на децата кои ја посетуваат установата дека согласно Законот за работа, воведува неколку нови правила и новини во своето работење, се со цел подобрување на условите во кои децата секојдневно престојуваат:

  1.  Најстрого се забранува носење на напитоци за децата приготвени од дома. Децата за време на својот престој во установата добиваат во доволни количини се што им е потребно од храна и напитоци и истите се со проверен и загарантиран квалитет. Секое од дечињата за време на престојот во установата има на користење своја чаша и останат прибор, кои редовно хигиенски се третирани.
  2. Строго се забранува и се апелира до родителите, да не ги носат своите деца во установата доколку истите примаат медицинска терапија од лекар. Родителите ќе мораат по престанокот на медицинската терапија до установата да достават Потврда за здравјето на детето од матичен лекар или педијатар, за истото да може да продолжи со посетување на градинка. Оваа забрана согласно Законот за работа се применува со цел, зачувување на здравјето и зголемување на грижата врз децата и истата останува со трајна важност. За несовесните родители се предвидени пријави и казни кои ќе бидат изречени од инспекциските социјално-надзорни служби на терен.
  3. Посебна напомена до родителите чии деца се заболени од детски сипаници. Заради лесната преносливост на болеста, родителите се задолжуваат да ја пријавуваат здравствената сосотојба на децата кај службите на институцијата и да донесат потврда од лекар, дека на дечињата им се дозволува да посетуваат градинка по оздравувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *