Почитувани родители,

Утре со почеток од 09:00 часот, во просториите на детската градинка „Бамби“ ќе се одржи хуманитарен новогодишен базар. Базарот ќе биде со храна приготвена од вработените во установата, а ќе се продава по симболична цена. Собраните средства, како и при претходните хуманитарни акции ќе бидат донирани според потребите на некое од дечињата кои доаѓаат од социјално ранлива категорија на семејства. Заради временските услови и ниските надворешни температури, Базарот ќе се одржи во холот од детската градинка.

Исто така, ве известуваме дека со почеток од 10 до 11 часот на дечињата ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња.

Ве замолуваме за присуство во предновогодишните активности на дечињата при Бамби, со цел дополнително да им ги разубавиме новогодишните и Божиќни празници и сите заедно да им посакаме Среќна Нова 2019 Година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *