ЈОУДГ „БАМБИ“ – Македонска Каменица ги известува родителите дека Министерството за здравство донесе указ за забрана за  примање на деца во детските градинки кои не се вакцинирани од МРП (морбили,рубеола и паротит).

Врз основа на горе наведеното Министерството за труд и социјална политика укажува дека треба да се почитуваат одлуките коишто се донесени од страна на Министерството за здравство.

Укажувањата и препораките се во насока превенција и поголема безбедност на децата.

Согласно Одлуката на Министерството ЈОУДГ „БАМБИ“ Македонска Каменица ги информира родителите  дека заради првенција, безбедност и заштита на децата, нема да прима деца во установата кои не се вакцинирани.

Истовремено ги информираме родителите дека казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *