ОПШТИ ОДРЕДБИ

            Со Годишниот план за спречување на корупцијата во Јавната Општинска Установа Детска Градинка “БАМБИ“ Македонска Каменица се опфатени дејствијата и работењето на Установата за 2021 година.

ЈОУДГ”БАМБИ“ Македонска Каменица има прифатено Антикорупциска политика и политика  на интегритет со која не се толерира никакво коруптивно однесување, не се толерира било каква форма на неетичко и неморално однеување

            Во годишниот план се изнесени основните поими утврдени со Законот за спредчување на корупцијата и судир на интереси.

Со годишниот план се утврдени областите каде најчесто постои ризик за појава на корупција и тоа:

  • Постапките за вработување, избори и именувања,
  • Постапките за јавни набавки,
  • Реализација на услугите кон корисносниците како  и  проекти, начин на реализација, квалитет и квантитет,
  • Постапки за преземање на финансиски обврски и финансиска дисциплина,

Под корупција, се подразбира злоупотреба на функцијата, јавното овластување, службената должност или положба за остварување на корист, директно или преку посредник, за себе или за друг.

  Поимот корупција, во смисла на законот, ги опфаќа и поимите на:

–             пасивна корупција – намерно делување на службено лице, кое директно или преку посредник, бара или прима корист од каков било вид, за себе или за трето лице, или прифаќа ветување на ваква корист, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со своите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски и

–             активна корупција – намерно делување на кое било лице кое директно или преку посредник, ветува или дава корист од каков било вид на службено лице, за него или за трето лице, со цел да делува или да се воздржува од делување во согласност со неговите обврски или да ги врши неговите надлежности спротивно на службените обврски.

Под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности.

Службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за негово одбегнување.

 Во случај на сомневање за постоење судир на интереси, службеното лице е должно да ги преземе сите неопходни мерки за да го спречи влијанието на неговиот приватен интерес или приватниот интерес на друго лице врз извршувањето на неговите овластувања и должности и за тоа да го извести својот претпоставен.

Во случај на постоење на сомневање за судир на интереси, службеното лице е должно да побара мислење од Државната комисија.

Под поимот „Ризик од корупција“ согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (во натамошниот текст: ЗСКСИ), се подразбира кој било вид на внатрешна или надворешна слабост или постапка која претставува можност за појава на корупција во рамките на државни органи, или други институции од јавниот сектор и кој ги вклучува прашањата за судир на интереси, неспоивост на функции, примање подароци и други нелегални плаќања, лобирање, недостаток на систем за заштита на укажувачи, измами, несоодветно користење на овластувањата, дискрециони овластувања, финансирање на политички партии и кампањи спротивно на закон, тргување или недозволено користење на информации, транспарентност на постапки и документи и други прашања од значење за интегритетот.

Под поимот „интегритет“ се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која се одговорно лице, односно се вработени, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција и со тоа обезбедуваат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции.

Под поимот „јавен интерес“ се подразбира заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот на Република Северна Македонија, спречување на ризиците за здравјето, одбраната и безбедноста, заштита на животната средина и на  природата, заштита на сопственоста и на слободата на пазарот и претприемништвото, владеење на правото и спречување на криминалот и корупцијата.

 Под поимот „јавно овластување“,се подразбира овластување, пренесено од страна на државната или локалната власт, на физичко или правно лице да врши работи од јавен интерес.

Под поимот „службена должност” се подразбира збирот на обврски кои едно лице е должно да ги преземе, а кои произлегуваат од вршењето на одредена функција или професија, односно од службената положба на тоа лице.

Под поимот „административни работи” се подразбираат стручно административни, нормативно-правни, статистички, плански, информатички, кадровски, материјални, финансиски, сметководствени, информативни и други работи од административна природа.

Под поимот „службено лице“ се подразбираат сите избрани или именувани лица и вработените во јавниот сектор.

Под поимот кронизам се подразбира именување на истакнати позиции на блиски пријатели, другари или познаници на функционерите, без оглед на тоа дали тие се квалификувани за тие работни позиции. Значи поставувањето на несоодветен кадар. Станува збор за фаворизирање на свои пријатели. При кронизмот лице кое има авторитет ја злоупотребува својата моќ и промовира пријател за таа позиција и покрај тоа што не е квалификуван за таа позиција.

Непотизмот претставува фаворизирање роднини или пријатели при доделување на функции и почести без притоа да се води сметка за стручноста. Непотизмот подразбира и злоупотреба на службената или на политичката и друга моќ за доведување роднини на привлечни и влијателни функции. Согласно  ЗСКСИ предвидена е забрана на влијание за вработување блиски роднини. Имено, Службено лице не смее да врши влијание за вработување или унапредување на блиско лице во органот во кој е избрано или именувано или во друг државен орган или јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал врз кое врши надзор органот во кој лицето е избрано, односно именувано. Избрано или именувано лице или одговорно лице во јавно претпријатие и друго правно лице што располага со државен капитал е должно да ја извести Државната комисија за секој избор, именување или вработување, унапредување на член на неговото семејство во државен орган, орган на локалната самоуправа, јавно претпријатие или друго правно лице што располага со државен капитал, во рок од десет дена од денот на извршениот избор, именување, унапредување или вработување.

Дискрециони овластувања. Дискреционите овластувања и донесувањето на дискрециони одлуки постојат во оние случаи кога во прописите одредено прашање за кое треба да се одлучува не е уредено или кога во прописите е содржан збор кој му остава простор на функционерот или службеникот да избере дали ќе донесе одреден акт или не, или избор на одредена алтернатива. Како пример би ги посочиле зборовите “може”, “цени”, “односно” и сл. Согласно од ЗСКСИ предвидено е дека вo вршењето дискрециони овластувања секое службено лице е должно одлуките да ги донесува совесно, водејќи сметка за сите факти и околности на конкретниот случај и за начелото на законитост и справедливост.

Деполитизација. Согласно ЗВЈС – Вработените во јавниот сектор работите и работните задачи ги вршат политички непристрасно, без влијание на своите политички уверувања и лични финансиски интереси.

  1. ПОСТАПКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заради спречување на корупцијата и судир на итереси, во спроведување на постапките вработување ќе се почитуваат следните начела:

  1. Начело на законитост

Вработените во јавниот сектор ги вршат работите и работните задачи во согласност со Уставот, закон, други прописи донесени врз основа на закон и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

  • Начело на еднакви услови, еднаков пристап до работно место, соодветна и правична застапеност

Согласно со начелото на еднакви услови и еднаков пристап за сите заинтересирани кандидати до работното место, имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку интерен, односно јавен оглас.

  • Начело на стручност и компетентност

Вработувањето во јавниот сектор се врши преку објавување на јавен оглас, при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место.

  • Начело на управување со ефектот на вработените

Институциите се должни да воспостават процедури за управување со ефектот на вработените преку негово континуирано следење и оценување и предлагање на мерки за негово подобрување.

  • Начело на сервисна ориентираност

Вработените во јавниот сектор работите и работните задачи ги вршат квалитетно, одговорно, стручно, навремено и совесно, согласно со правилата на професијата и роковите и постапките во согласност со закон.

  • Начело на професионална етика, непристрасност и објективност

При извршувањето на работите и на работните задачи, вработените во јавниот сектор задржуваат високи стандарди за личен интегритет, професионална етика и грижа за заштита на јавниот интерес и се придржуваат до актите кои ги уредуваат овие стандарди.

  • Начело на транспарентност и доверливост

Вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да обезбедат пристап до информации од јавен карактер на начин и под услови утврдени со закон

  • Начело на одговорност

Вработените во јавниот сектор одговараат пред институцијата во која се вработени за последиците од нивното постапување, непостапување или одлучување, односно неодлучување, како и за квалитетот, навременото и ефикасното извршување на доверените надлежности. 

  • Начело на спречување судир на интереси

Вработените во јавниот сектор не го доведуваат личниот материјален и нематеријален интерес во судир со јавниот интерес и со нивниот статус кој може да предизвика судир на интереси, во согласност со одредбите на овој или на друг закон.

  1. Начело на економично користење на средства

Вработените во јавниот сектор материјалните средства, опремата и другите средства за работа ги користат на економичен, разумен и ефикасен начин

  • ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Службено лице не смее да врши незаконско влијание во постапка за јавна набавка.

Оваа одредба се применува и кога врз основа на јавен конкурс, јавен оглас или лицитација се одлучува за избор на најповолен понудувач за потребите за набавки  за функционирање на Установата.

  1. Начела на кои се темелат јавните набавки

Системот на јавни набавки и неговото спроведување се темелат врз начелата на слободно движење на стоките, слобода за основање, слобода за обезбедување услуги, како и начелата на економичност, ефикасност, конкуренција помеѓу економските оператори, транспарентност, еднаков третман на економските оператори и сразмерност.

  • Начело на економичност, ефикасност и ефективност на користењето јавни средства

 Договорниот орган ги спроведува јавните набавки на начин што ќе обезбеди економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства и успешно остварување на целите на своето работење, утврдени во согласност со прописите кои го уредуваат користењето на буџетските и другите јавни средства.

  • Начело на конкуренција помеѓу економските оператори

Во постапката за јавна набавка, договорниот орган не смее неоправдано да ја ограничува конкуренцијата помеѓу економските оператори.

  • Начело на транспарентност

Договорниот орган ги реализира постапките за јавни набавки на транспарентен начин и во согласност со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.

  • Начело на еднаков третман и недискриминација на економските оператори

Договорниот орган обезбедува еднаков третман на економските оператори во сите фази од постапката за јавна набавка и во однос на сите елементи од понудата, земајќи го предвид заемното признавање и сразмерност на барањата во врска со предметот на набавка.

  • Начело на сразмерност

Постапката за јавна набавка се спроведува сразмерно на предметот на набавка, особено во однос на изборот, дефинирањето и примената на условите, барањата и критериумите, кои мора да се логички поврзани со предметот на набавка.

  •  
  • РЕАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИ И ПРОЕКТИ

Општи мерки кои се однесуваат на спрешување на корупцијата во Установата во реализацијата на услугите кон корисниците се:

-Јакнење на капацитетот на Установата со посебен акцент на јакнење на интегритетот на вработените лица,

-навремено постапување во врска со остварување на потребните услуги кон корисниците,

-почитување на законските прописи ,кодексот на етичко однесување на вработените во јавен сектор како и кодексот за административни службеници,

-зајакнување на довербата на граѓаните/корисниците на услугите кон Јавните Установи и институциите  и мотивирање да пријават корупција,

-транспарентност и зајакната контрола во јавните набавки,

-јакнење на алатките за отчетност и транспарентност во работењето на Установата,

-јакнење на интегритетот на вработените и избегнување на изложеност од притисоци на работа,

-комплетна презентација на факти и докази при надзор од страна на инспекциски и ревизорски служби .

Секое службено лице е должно да ги чува државните средства што му се доверени и со нив да располага на најекономичен начин и за однапред определените намени. Забрането е средствата да се користат за приватни цели или да се даваат на друг на користење.

Овластените лица за реализација на проекти ќе ги почитуват начелата на стручност, одговорност , навремено и квалитетно извршување на договорите. 

  • ФИНАНСИСКО УПРАВУВАЊЕ И КОНТРОЛА

Цел на финансиското управување и контрола е подобрување на финансиското управување заради постигнување на следниве општи цели: 


– вршење на работите на правилен, етички, економичен, ефективен и ефикасен начин, 
– усогласување на работењето со законите, другите прописи, утврдената политика, плановите и постапките, 
– заштита на имотот и другите ресурси од загуби предизвикани од лошо управување, неоправдано трошење и користење, како и од неправилности и злоупотреби, 
– јакнење на одговорноста за успешно остварување на задачите, 
– правилно евидентирање на финансиските трансакции и 
– навремено финансиско известување и следење на резултатите од работењето.

Финансиско управување и контрола е систем на политики, процедури и активности воспоставени од Одделение за внатрешна ревизија при Општината и Управна контрола од Бирото за јавни набавки, со цел да се обезбеди разумно уверување дека целите на субјектот се остварени;за проверка на законитоста и правилноста на предложените финансиски одлуки, како и нивно одобрување или оспорување, земајќи ги предвид принципите на економичност, ефикасност и ефективност;

 Внатрешната ревизија од Општината  е процедура со која се обезбедува финансиската обврска да не биде преземена и расходот да не биде платен без претходно одобрување од службено лице хиерархиски независно од лицето овластено за преземање на финансиски обврски и лицето овластено за плаќање;

Овластено лице за преземање финансиски обврски е овластено службено лице кое може да презема финансиски обврски;

 Овластено лице за плаќање е овластеното службено лице кое може да издава наредба за плаќање;

Финансиска дисциплина

            Финансиската дисциплина подразбира реално буџетирање на приходите и расходите на Установата, преземање на финансиски обврски согласно планираните приходи и редовно и навремено сервисирање на обврските согласно Законот за финансиска дициплина.

  • ПРЕЗЕМАЊЕ НА МЕРКИ ПРОТИВ НЕПРАВИЛНОСТИ И ИЗМАМИ

            Раководителот на субјектот од јавниот сектор има обврска да го спречува ризикот од неправилности и измами и да презема дејствија против неправилности и измами.

Раководителот на субјектот од јавниот сектор назначува лице кое известува за неправилности и сомнежи за измами или корупција и самостојно ги презема мерките.

 Сите вработени  ги известуваат раководителот на субјектот од јавниот сектор и лицето задолжено за неправилности, за неправилностите или сомнежите за измами или корупција.

 Ако внатрешниот ревизор назначен од Општината има сомнеж за измама или корупција во текот на извршувањето на ревизијата, за тоа го известува раководителот на единицата за внатрешна ревизија кој има обврска да достави писмено известување до раководителот на субјектот од јавниот сектор и лицето задолжено за неправилности.

 По добиеното известување за постоење на неправилности или сомнеж за измами или корупција, лицето задолжено за неправилности ги презема потребните мерки и за тоа ги известува Јавното обвинителство на Република Македонија, Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција и финансиската инспекција на јавниот сектор, а во рок од 15 дена за преземените мерки во писмена форма го известува лицето кое укажало на неправилности или измами, освен во случај на анонимна пријава.

 Ако лицата од ставот (3) на овој член не бидат известени за соодветно преземените мерки, тие за тоа ги известуваат органите од ставот (5) на овој член.

 На вработените  кои пријавиле неправилност или сомнеж за измама им се обезбедува заштита на идентитетот и стекнатите права од работен однос врз основа на закон.

Секој е должен во вршењето на функцијата, јавните овластувања и службената должност да постапува во согласност со Уставот и со законите.

Секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно.

Секој има право на еднаков пристап кон вршењето на работи од јавен интерес и право на еднакво постапување од страна на носителите на власта и лицата кои вршат јавни овластувања и службени должности.

Вршењето на власта, функцијата, јавните овластувања, службената должност и работите од јавен интерес се јавни и подложни на јавна контрола

Секој има право да пријави сомневање или сознание за корупција и да биде заштитен согласно со закон.

  • СПРЕЧУВАЊЕ HA КОРУПЦИЈАТА BO ВРШЕЊЕТО РАБОТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС

Незаконити барања на претпоставен

Службеното лице од кое неговиот претпоставен или избрано или именувано лице бара во вршењето на службата да постапи спротивно на Уставот, закон или друг пропис, е должно за тоа да му укаже на оној кој ја издал наредбата.

      Доколку и по усното укажување, непосредно претпоставениот ја повтори наредбата, службеното лице веднаш за тоа писмено ќе го извести непосредно повисокиот претпоставен од оној кој ја издал наредбата и Државната комисија. По писменото укажување, службеното лице е ослободено од обврската за незаконито вршење на службено дејствие и не може за тоа да биде повикано на одговорност, ниту да трпи последици.

Службеното лице кое постапило согласно со должноста за укажување утврдена со овој член има право на заштита согласно одредбите од Законот за заштита на укажувачи.

По известувањето Државната комисија презема мерки како по пријава од укажувач, во постапка и рокови утврдени со одредбите од Законот за заштита на укажувачи.

Непријавување на казниво дело

Службено лице е должно да го пријави секое казниво дело поврзано со корупција, како и секоја повреда на одредбите од овој закон, за кои дознало во вршењето на својата должност.

Забрана за вршење влијание врз друг

Службено лице не смее да ја користи својата положба вршејќи влијание врз друго лице во државен орган, за тоа да донесе или не донесе определена одлука, да стори нешто, да пропушти или да трпи, заради остварување корист.

Секој граѓанин има право да ја извести Државната комисија за повредата на одредбите од предходниот став.

Вршење дискрециони овластувања

Bo вршењето дискрециони овластувања секое службено лице е должно одлуките да ги донесува совесно, водејќи сметка за сите факти и околности на конкретниот случај и за начелото на законитост и справедливост.

Физичко или правно лице што е незадоволно од одлуката донесена врз основа на дискреционо овластување и кое смета дека таа одлука е донесена поради корумпираност, може да поднесе претставка пред Државната комисија.

Државната комисија е должна да ја разгледа претставката и во рок од 30 дена од денот на приемот на претставката да го извести физичкото, односно правното лице за постапувањето по истата.

Државната комисија двапати годишно на својата веб страница објавува статистички податок за поднесени претставки.

Понуда на поткуп

Службено лице на кое му е понуден поткуп, е должно да преземе мерки за идентификација на понудувачот и да го пријави на надлежен орган.

Постапка во случај на обвинение за корупција

            Службено лице кое е правосилно осудено за коруптивно дело без одлагање го известува органот кој го избрал или именувал, односно својот претпоставен.

Ништовност на правни акти

Правните акти што ce резултат на корупција или судир на интереси или се донесени, односно склучени заради корупција, односно во состојба на судир на интереси ce ништовни.

Секој кој има правен интерес може да бара поништување на правните акти, со поднесување како доказ правосилна судска одлука, односно одлука на надлежен орган со која е утврдено постоењето на корупција или судир на интереси.

Злоупотреба во вршењето работи од јавен интерес

Лице што врши работи од јавен интерес не смее да ја злоупотреби својата положба за остварување на корист.

Како работи од јавен интерес, покрај дејностите што се со закон определени како работи од јавен интерес, се сметаат и активностите што се вршат во рамките на дејствувањето на политичките партии, синдикатите, здруженијата и фондациите.

Постапување во случај на постоење судир на интереси

Службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за негово одбегнување.

Во случај на сомневање за постоење судир на интереси, службеното лице е должно да ги преземе сите неопходни мерки за да го спречи влијанието на неговиот приватен интерес или приватниот интерес на друго лице врз извршувањето на неговите овластувања и должности и за тоа да го извести својот претпоставен.

Во случај на постоење на сомневање за судир на интереси, службеното лице е должно да побара мислење од Државната комисија.

Пријавување на состојба на судир на интереси

            Ако службено лице учествува во расправа на орган или тело во кое се одлучува за работи зa кои тоа или блиско лице има приватен интерес, службеното лице е должно да го пријави постоењето на приватниот интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето.

Прикривањето на постоење приватен интерес од страна на службеното лице претставува повреда на должноста и основа за покренување постапка за утврдување на одговорност и изрекување на мерки согласно со овој закон.

Службеното лице кое учествува или одлучува во постапката за избор, именување или вработување или е вклучено како член на телото што ја спроведува таа постапка е должно да го извести раководното лице во органот, односно институцијата каде што службеното лице врши јавни овластувања за сите постапки што можат да предизвикаат судир на интереси.

По утврдувањето на односот на службеното лице со кандидатот за избор, именување или вработување, раководното лице, е должно да ги преземе сите неопходни мерки за спречување на појавата на судир на интереси.

Во случај на сомневање за постоење судир на интереси службеното лице и раководното лице можат да побараат мислење од Државната комисија.

Забрана за примање подароци

 Службеното лице при вршењето на јавните овластувања и должности не смее да прима подароци, освен во случаите, во износ и на начин утврдени со Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, односно Законот за вработените во јавниот сектор.

      Државните органи и другите органи и организации се должни да достават до Државната комисија копија од листата од евиденцијата за примените подароци, најдоцна до 31 март во тековната година за претходната година.

      Ако Државната комисија при разгледување на листата утврди отстапување од законски утврдените критериуми, за тоа го известува органот или институцијата која ја доставила листата.

Доколку Државната комисија оцени дека службено лице има добиено подарок кој влијае или може да влијае врз објективното и непристрасно вршење на функциите, јавните овластувања или службени должности за тоа ги известува надлежните органи, а подароците стануваат сопственост на Република Македонија или на единицата на локалната заедница.

  • ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
  1. Почитување на Уставот и законите,
  2. Почитување на антикорупциска политика и политика на интегритет.
  3. Донесување на интерни процедури и правилници за постапување со предметите од сите области на работење кои се во надлежност на Установата,
  4. Почитување на роковите во решавањето на предметите од надлежност на Установата, совесно, професионално и одговорно однесување
  5. Обезбедување на транспарентност и отчетност во работењето на Установата,
  6. Овозможување слободен пристап на информации од јавен карактер,
  7. Редовно  информирање на граѓаните за работењето на Установата преку локални медиуми и редовно ажурирање на Веб страницата на Установата,
  8. Почитување на финансиската дисциплина,
  9. Назначување на лице за неправилности и сомнежи за измами и корупција,
  10. Задолжително пријавување на коруптивно, недозволиво, незаконите и неетичко однесување на лица вработени во јавните установи,
  11. Преземање на дисиплинкси мерки против лицата кои се однесуваат коруптивно, недозволиво, незаконито и неетичко,
  12. Назначивање на лице за внатрешно пријавување

Годишниот план за спречување на корупцијата за 2021 година важи и се однесува  за вработените во  ЈОУДГ “БАМБИ“ Македонска Каменица.

Со Годишниот план за спречување на корупцијата ќе бидат запознаени сите вработени во Установата и  ќе биде објавен на Веб страницата на ЈОУДГ”БАМБИ“ Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *