Во согласност со Законот за јавни набавки („Службен весник на РСМ бр.24/19“) Директорот на ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица донесе процедури за начинот на спроведување на постапки за јавни набавки во ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица.

Општи одредби

 Со ова упатсво се одредуваат Процедурите за подготовка, спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки и нивна реализација согласно со законот за јавни набавки (во понатамошниот текст како ЗЈН), како интерни процедури.

2. Годишен план за јавни набавки

2.1 Одговорното лице-Директорот на ЈОУДГ ,,БАМБИ,,М.Каменица врз основа на донесениот финансиски план и обезбедените финансиски средства донесува Годишен план за јавни набавки најдоцна до 30-ти јануари во тековната година, кој најкасно на 31-ви јануари се објавува на Електронскиот систем за јавни набавки (во понатамошниот текст ЕСЈН).

2.2 Во текот на годината Одговорното лице-Директорот на ЈОУДГ БАМБИ М.Каменица може да го дополни или измени Годишниот план за јавни набавки.

2.3 Измените и дополнувањата на ГПЈН(Годишниот план за јавни набавки) се објавува на ЕСЈН .

2.4 Годишниот план се изготвува и објавува во согласност со ЗЈН и Правилникот формата, содржината и начинот на изготвување на Годишниот план за јавни набавки  („Службен весник на РСМ бр.64/2019“) . ГПЈН ги содржи вкупните потреби од набавки за годината за која се однесува по видови-стоки, услуги и работи, очекуван почеток на постапката (месец во кој се очекува да биде објевен огласот по јавна набавка), проценета вредност на постапката (без ДДВ и во денари), видот на постапката за јавна набавка, а во делот „забелешка“ се внесуваат специфични елементи на постапката.

2.5 За изготвување на предлог годишен план за јавни набавки одговорни се лицата од административната финансова служба што се вклучени во постапката за набавка.

2.6 Предлогот за дополнување или изменување на годишниот план се прави врз основа на поднесено барање со образложение до Одговорното лице дека е потребно изменување на ГПЈН.

3.   Иницирање на постапките за јавни набавки

3.1 Комисијата за јавна набавка во консултација со Единицата за јавна набавка доставуваат иницијатива за отпочнување на набавката до Одговорното лице-Директор.

      Одговорното лице-Директор доставува известување до административната служба до вработените што работат во делот на финансиско работење со цел изготвување спецификација, проверка и потврдување на обезбедени финансиски средства за конкретната набавка.

  • Лицето за финансиско работење врши финансиска проверка на одобрените средства во финансискиот план, а се наменети за доделување на конкретните  договори за јавни набавки.
    • Одговорното лице-Директор ја одобрува иницијативата со спецификацијата за предметната набавка и одлучува за потребата од јавна набавка.
    • Врз основа на утврдениот и донесениот План за јавни набавки Одговорното лице-Директор донесува Одлука за потреба од конкретна набавка. Договорниот орган  иницира отпочнување на постапка за јавна набавка, донесува Одлука за избор или поништување на постапката, потпишува договори и известување за склучен договор.
    • Комисијата за јавна набавка односно лицето за јавни набавки врз основа на иницијативата со прилог технички спецификации доставени за предметната набавка изготвуваат Тендерска документација и модел на договор согласно Законот за јавни набавки. Во тендерската документација се наведуваат задолжителните одредби на договорот за јавна набавка.
    • Комисијата за јавни набавки или лицето за јавни набавки се најавува во ЕСЈН со своето корисничко име и лозинка и креира постапка / објави оглас за доделување на договор за јавна набавка, води евиденции на јавните набавки што се вршат во ЈОУДГ,,БАМБИ,,М.Каменица по видови на постапки, известување за склучен договор во ЕСЈН и тоа:

                       -набавка од мала вредност;

                       -поедноставена отворена постапка;

                       -отворена постапка;

                       -ограничена постапка;

                       -конкуретна постапка со преговарање;

                       -конкурентен дијалог;

                       -партнерство за иновации;

                       -постапки со преговарање без објавување на оглас;

                       – постапки со преговарање со објавување на оглас;

3.8.      Комисијата за јавни набавки ја спроведува електронската постапка за предметната набавка. Комисијата ги добива понудите преку системот, ги отвора истите, води евиденција на присутните овластени претставници на понудувачите, води записник  од отварање на понудите, врз основа на дадените критериуми за избор на најповолен понудувач ги вреднува – евалуира понудите и составува Извештај за спроведената постапка, ги дефинира параметрите за аукција, ги известува сите учесници на постапката за деталите за аукцијата, го следи спроведувањето нa аукцијата, односно следи поднесување на нови цени (негативно наддавање), одговори на жалба, односно ги презема сите потребни активности за законско постапување во постапката на доделувањето на договорот за јавна набавка. Комисијата за јавни набавки електронски го информира Одговорното лице-Директор за предлогот за избор на најповолна понуда.

3.9       Комисијата за јавни набавки согласно член 108 став 1 од ЗЈН јавно ги отвара понудите и изготвува Записник од јавното  отварање на денот на отварањето на понудите. Претседателот на Комисијата и членовите на Комисијата или нивните заменици истиот ден кога е спроведено јавното отворање, потпишуваат Изјава за непостоење на судир на интереси. Одговорното лице-Директор исто така потпишува изјава за непостоење на судир на интереси. Во случај на постоење на судир истиот ќе се изземе од постапката и ќе овласти друго лице да ја донесе Одлуката за избор или за поништување на постапката и да склучи договор за јавна набавка.

3.10 Комисијата за јавни набавки евалуацијата на понуди ја врши согласно член 109 од законот за јавни набавки. Комисијата врши евалуација на прифатливите понуди исклучиво согласно критериумите и условите наведени во тендерската документација. Доколку не се спроведува електронска аукција по извршената евалуација Комисијата ќе изврши рангирање на понудите и ќе изготви предлог за избор на најповолна понуда. Доколку се спроведува електронска аукција, предлогот за избор на најповолна понуда Комисијата ќе изготви по одржаната електронска аукција.

3.11 Комисијата го изготвува извештајот од спроведена постапка и го доставува до одговорното лице по електронски пат преку ЕСЈН, пред рокот за донесување на одлука за избор или поништување на постапката, односно истиот ден кога го изготвила и заверила извештајот.

4. Одлука за избор на најповолна понуда/поништување на постапката

 4.1 Согласно извештајот од Комисијата за јавни набавки Одговорното лице-Директор донесува одлука за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката.

5. Известување до понудувачите/кандидатите:

5.1 Комисијата за јавни набавки изготвува известување до понудувачот/кандидатот чија понуда е избрана за најповолна, како и до понудувачите/кандидатите чија понуда била отфрлена или оние чија понуда не била избрана за најповолна и тоа за секој пооделно. Известувањето го потпишува Претседателот на Комисијата за јавни набавки и истото се доставува најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на Одлуката за избор на најповолна понуда/поништување на постапката.

5.2 Известувањето треба да содржи образложение за причините за отфрлање/неприфаќање на понудите/пријавите за учество со детално образложение. За поништените постапки во рок од 10 дена од донесената Одлука за поништување, службеното лице објавува известување за поништување на постапката на ЕСЈН.

6. Договор за јавна набавка

6.1 Договорот за јавна набавка се склучува со понудувачот чија понуда била избрана за најповолна. Службеното лице  изготвува Договор за јавна набавка согласно елементите утврдени во тендерската документација, техничката спецификација во тендерската документација, прифатената најповолна понуда и постигнатата цена на електронската аукција и го предава на проверка и потпишување.

Договорот се склучува во периодот на важност на понудата, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.

6.2 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување на договорот заради негово навремено или неквалитетно извршување, согласно член 112 став 5 од ЗЈН, може да се склучи договор со следниот рангиран понудувач, доколку цената не е повисока  од 5 % во однос на првично избраната понуда.

6.3 Договорот за јавна набавка го склучува Одговорното лице во договорниот орган.

6.4 Фотокопија од договорот за јавна набавка се доставува до административната служба до вработените кои работата во делот на финански прашања и до овластените лица кои се задолжени за реализација на договорот.

7. Известување за склучени договори    

7.1 Службеното лице по склучувањето на договор за јавна набавка задолжително објавува известување за склучен договор во рок од 10 дена од склучувањето на договорот на ЕСЈН.

8. Изменување на договорите за јавни набавки во текот на нивната важност

8.1 Измена на договорите за јавни набавки може да се вршат во период на нивната важност, согласно член 119 од ЗЈН.

Анексот за измена на договорот го изготвува службеното лице за јавни набавки по претходно добиено барање од лицето кое е задолжено за реализација на договорот, во кое задолжително треба да биде наведен основот и образложение за причините за измена.

Анексот го потпишува лицето кое го склучило договорот за јавна набавка.

8.2 Службеното лице за јавни набавки во рок од 10 дена од денот на склучувањето на анексот за измена на договорот на ЕСЈН објавува известување за измена на договорот.

9.  Реализација на договорите за јавна набавка

9.1 За навремена реализација на договорот за јавна набавка согласно условите од договорот и барањата во техничката спецификација одговрни се овластените лица кај договорниот орган,лица задолжени за следење на реализација на договорот кои се носители на планирање, се одговорни и за доследно исполнување на обврските и роковите предвидени во договорите за јавни набавки.

9.2 Лицето задолжено за следење на реализација на договорот води поединечна евиденција за реализација по количини и вредности на конкретниот договор и по целосна реализација на договорот изготвува известување за реализиран договор до одделението за финансиски прашања, а доколку договорот финасиски не е реализиран во целост и образложение за причините за нереализираниот финасиски дел.

9.3 Вработениот во делот за финансиски прашања е должно веднаш а најдоцна во рок од 2 (два) дена од денот на добиената последна фактура и добиеното известување за релизиран договор да достави писмено известување за целосна релизација на конкретниот договор, во кој се наведува бројот на договорот, предметот на набавката, носителот на набавката и сума на релизирана вредност на договорот.

9.4 Службеното лице задолжено за водење на јавни набавки е должно во рок од 10 (десет) дена од денот на добиеното известување од вработениот за финансиски прашања на ЕСЈН да објави известување за реализиран договор.

10. Наплата на гаранција за квалитетно извршување на договорот

10.1 Кај договорите кај кои се бара гаранција за квалитетно извршување на договорот, доколку се исполнат условите за раскинување на договорот и наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, лицето задолжено за реализација на договорот до административната служба доставува известување со кое ги поткрепува причините за раскинување на договорот и активирање на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот.

Известувањето за раскинување на договорот и активирање на банкарската гаранција го потпишува одговорното лице кое го потпишало договорот за јавна набавка.

11. Враќање на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот

11.1 Доколку е побарано враќање на банкарска гаранција, таа се враќа од службеното лице во административната служба, во рок од 14 дена од денот на целосна рализација на договорот, согласно добиеното известување за реализиран договор од вработениот во делот за финансиски прашања.

12. Евалуација и досие на постапките за јавни набавки

12.1 Службеното лице за јавни набавки од административната служба води посебна евиденција на постапките за јавни набавки, која се води во посебни евидетни книги во електронска форма на ЕСЈН, согласно член 19 од Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на РСМ бр.64/19“).

13. Набавка под вредносни прагови за примена на ЗЈН

13.1 Во   ЈОУДГ БАМБИ М.Каменица може да се вршат набавки без спроведување на постапки за јавни набавки согласно член 40 став 1 точка а) од ЗЈН, доколку проценетата вредност без ДДВ е помала од 1.000 евра во денарска противредност, без вклучен ДДВ за стоки и услуги, односно е помала од 5.000  евра во денарска противредност, без вклучен ДДВ за  работи. Вкупната вредност на овие набавки во ЈОУДГ БАМБИ М.Каменица не смее да надмине 12.000 евра во денарска противвредност во тековната година и за истите Установата има изготвено посебна процедура.

  1. Комисијата за јавни набавки во консултација со единицата за јавни набавки /лице овластено за набавки под вредносни прагови,доставуваат иницијатива со спецификација за набавка на стоки, услуги и работи до Одговорното лице на договорниот орган.

 Одговорното лице-Директор доставува известување до административниот службеник за финансиско работење со цел проверка и потврдување на обезбедени финансиски средства за конкретната набавка.

  1. Административниот службеник за финансиско работење врши финансиска проверка на одобрените средства во финансискиот план, а се наменети за набавка на стоки, услуги и работи кои не се опфатени во годишниот план за јавни набавки.
    1. Одговорното лице ја одобрува иницијативата за предметната набавка на стоки, услуги или работи и одлучува за потребата од јавна набавка.
    1. Договорниот орган не смее да користи методи за пресметување на проценетата вредност на договорите за добивање пониска вредност од реалната вредност на набавката, со цел да се избегне одредена постапка утврдена со Законот за јавни набавки.
    1. Единицата за јавни набавки или комисијата за јавни набавки набавките под вредносните прагови од Законот за јавни набавки ги внесува во квартална евиденција која е јавно достапна на ЕСЈН (01.01-31.03,   01.04-30.06,  01.07-30.09,  01.10-31.12)

14. Набавка на посебни услуги

14.1 При набавка на посебни услуги  под 10.000 евра во денарска противредноста кои се утврдени согласно Правилникот за видовите на посебни услуги кои се предмет на договорите за јавни набавки на улуги („Службен Весник на РСМ бр.24/19“), а се опишани подолу табеларно, ќе се применува истата постапка како набавката под вредносните прагови опишана во точка 13.

14.1 Службеното лице во договорниот орган е должно по добиеното известување од административниот службеник за финаниски прашања да ја објави набавката на посебните услуги во кварталната евиденција на ЕСЈН во делот „набавка на посебни услуги“.

ТАБЕЛА 1

ВИДОВИ НА ПОСЕБНИ УСЛУГИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НА УСЛУГИ

ПРИЛОГ

ЗПЈН шифраОпис
75200000-8; 75231200-6; 75231240-8; 79611000-0; 79622000-0 [услуги за обезбедување на персонал за помош во домаќинствата]; 79624000-4 [услуги за обезбедување на негувателки] и 79625000-1 [услуги за обезбедување на медицински персонал] од 85000000-9 до 85323000-9; 98133100-5, 98133000-4; 98200000-5; 98500000-8 [приватни домаќинства со вработени лица] и од 98513000-2 до 98514000-9 [услуги за домаќинствата обезбедени од работна сила, услуги на агенции за обезбедување на вработени во домаќинствата, услуги за домаќинства обезбедени од службеници, привремен кадар за домаќинства, услуги за обезбедување помош во домаќинствата и домашни услуги]Здравствени, социјални и поврзани услуги
85321000-5 и 85322000-2, 75000000-6 [услуги за администрација, одбрана и социјално осигурување], 75121000-0, 75122000-7, 75124000-1; од 79995000-5 до 79995200-7; од 80000000-4 услуги за обука и образование до 80660000-8; од 92000000-1 до 92700000-8 79950000-8 [услуги за организација на изложби, саеми и конгреси], 79951000-5 [услуги за организирање на семинари], 79952000-2 [услуги за организирање на настани], 79952100-3 [услуги за организирање на културни настани], 79953000-9 [услуги за организирање на фестивали], 79954000-6 [услуги за организирање на забави], 79955000-3 [услуги за организирање модни настани], 79956000-0 [услуги за организирање саеми и панаѓури]Административни социјални услуги, образовни, услуги на здравствена заштита и услуги од областа на културата
75300000-9Услуги за задолжително социјално осигурување, освен за услугите за задолжително социјално осигурување кои се обезбедуваат како услугите од општ интерес.
75310000-2, 75311000-9, 75312000-6, 75313000-3, 75313100-4, 75314000-0, 75320000-5, 75330000-8, 75340000-1Услуги поврзани со надоместоци
98000000-3; 98120000-0; 98132000-7; 98133110-8 и 98130000-3Други услуги на заедницата, социјални и лични услуги, вклучувајќи услуги од синдикални организации, од политички организации, младински организации и од други организации со членство
98131000-0Верски услуги
55100000-1 до 55410000-7; 55521000-8 до 55521200-0 [55521000-8 угостителски услуги за приватни домаќинства, 55521100-9 услуги за достава на храна во домови за стари лица и лица со посебни потреби, 55521200-0 услуги за испорака на храна] 55520000-1 угостителски услуги, 55522000-5 угостителски услуги за транспортни претпријатија, 55523000-2 угостителски услуги за други претпријатија и институции, 55524000-9 угостителски услуги за училишта 55510000-8 услуги на мензи, 55511000-5 услуги на мензи и услуги на други кафетерии со ограничен круг на посетители, 55512000-2 услуги за управување со мензи, 55523100-3 услуги за училишни оброциХотелски и угостителски услуги
79100000-5 до 79140000-7; 75231100-5;Правни услуги кои не се исклучени од примена од Законот за јавните набавки
75100000-7 до 75120000-3; 75123000-4; 75125000-8 до 75131000-3Други административни услуги и јавни услуги
75200000-8 до 75231000-4Обезбедување на услуги за заедницата
75231210-9 до 75231230-5; 75240000-0 до 75252000-7; 794300000-7; 98113100-9Затворски услуги, услуги за јавна безбедност и спасувачки услуги кои не се исклучени од примена од Законот за јавните набавки
79700000-1 до 79721000-4 [услуги за истрага и безбедност, услуги за безбедност, услуги за следење и алармирање, чуварски услуги, услуги за надзор, услуги за систем за следење на траги, услуги за пронаоѓање на бегалци, услуги за патролирање, услуги за пуштање беџови за идентификација, услуги за истрага и услуги на детективски агенции] 79722000-1[графолошки услуги], 79723000-8 [услуги за анализа на отпад]Услуги за истрага и безбедност
98900000-2 [услуги обезбедени од екстратериторијални организации и органи] и 98910000-5 [услуги карактеристични за меѓународни организации и органи]Меѓународни услуги
64000000-6 [поштенски и телекомункиациски услуги], 64100000-7 [поштенски и курирски услуги], 64110000-0 [поштенски услуги], 64111000-7 [поштенски услуги поврзани со весници и списанија], 64112000-4 [поштенски услуги поврзани со писма], 64113000-1 [поштенски услуги поврзани со пратки], 64114000-8 [услуги поврзани со поштенски шалтери], 64115000-5 [изнајмување на поштенски сандачиња], 64116000-2 [поштенски услуги поврзани со „до побарување“], 64122000-7 [услуги за достава на интерна пошта и пораки]Поштенски услуги
50116510-9 [услуги за менување на гуми], 71550000-8 [ковачки услуги]Други услуги

Сопственик на процес: Одговорно лице-Директор на ЈОУДГ Бамби М.Каменица

Цел на процесот: Спроведување на постапки за јавни набавки на начин што ќе се обезбеди економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства и успешно остварување на целите на своето работење, утврдени во согласност со прописите кои го уредуваат користењето на буџетските и другите јавни средства; на начин што ќе обезбеди соодветен квалитет на предметот на набвката во однос на неговата намена и вредност; во рок и на начин пропишани со  закон за јавни набавки и прописи донесени врз основа на законот за јавни набавки, со минимални трошоси во постапката за јавна набавка.

Мандат                                 Закон за јавни набавки

Тек на работа        

  • Хронолошки активности (дијаграм со инструкции)
  • Инволвирани вработени и надлежни органи
  • Одговорно лице- Директор на ЈОУДГ Бамби М.Каменица;
  • Единица за јавнинабавки;
  • Комисија за јавни набавки;
  • Овластени лица за следење на реализација на Договорот за јавна набавка.
  • Минимална поделба на должности
  1. Единицата за јавни набавки заедно со комисијата и лицето за финансиско работење  донесуваат иницијатива со спецификација за отпочнување на набавката до Одговорното лице-Директорот на ЈОУДГ БАМБИ М.Каменица .
  • Одговорното лице Директорот  доставува известување до административната служба до лицата за финансиско работење со цел проверка и потврдување на обезбедени финансиски средства од Буџетот на ЈОУДГ БАМБИ М.Каменица за конкретната набавка.
  • Вработениот во административната служба задолжен за финансиско работење врши финансиска проверка на одобрените средства во финансискиот план, а се наменети за доделување на конкретните  договори за јавни набавки.
  • Одговорното лице-Директорот  ја одобрува иницијативата за предметната набавка и одлучува за потребата од јавна набавка.
  • Врз основа на одобрените постапки Единицата за јавни набавки подготвува План за јавни набавки и го доставува на одобрување на Одговорното лице-Директорот.
  • Врз основа на утврдениот и донесениот План за јавни набавки Одговорното лице-Директорот донесува Одлука за потреба од конкретна набавка.
  • Комисијата за јавни набавки во консултација со Единицата за јавни набавки врз основа на иницијативата со прилог технички спецификации за предметната набавка изготвуваат Тендерска документација и модел на договор согласно Законот за јавни набавки и ги чува во Досието на постапки. 
  • Единицата за јавни набавки се најавува во ЕСЈН со своето корисничко име и лозинка и креира постапка / објавува оглас за доделување на договор за јавна набавка, води евиденции на јавните набавки што се вршат во ЈОУДГ БАМБИ М.Каменица по видови на постапки, известување за склучен договор во ЕСЈН и тоа за :

                       -набавка од мала вредност;

                       -поедноставена отворена постапка;

                       -отворена постапка;

                       -ограничена постапка;

                       -конкуретна постапка со преговарање;

                       -конкурентен дијалог;

                       -партнерство за иновации;

                       -постапки со преговарање без објавување на оглас;

                       – постапки со преговарање со објавување на оглас;

  • Комисијата за јавни набавки ја спроведува електронската постапка за предметната набавка. Комисијата ги добива понудите преку системот, ги отвора истите, води евиденција на присутните овластени претставници на понудувачите, води записник  од отварање на понудите, врз основа на дадените критериуми за избор на најповолен понудувач ги вреднува – евалуира понудите и составува Извештај за спроведената постапка, ги дефинира параметрите за аукција, ги известува сите учесници на постапката за деталите за аукцијата, го следи спроведувањето нa аукцијата, односно следи поднесување на нови цени (негативно наддавање), одговори на жалба, односно ги презема сите потребни активности за законско постапување во постапката на доделувањето на договорот за јавна набавка.
  1. Комисијата за јавни набавки електронски го информира Одговорното лице-Директорот за предлогот за избор на најповолна понуда или предлогот за поништување на постапката. Одговорното лице-Директорот  ја потпишува одлуката за избор или одлуката за поништување на постапката електронски, ја прикачува во ЕСЈН, и ја испраќа до Комисијата за јавни набавки.
  1. Комисијата за јавни набавки врз основа на донесената одлука за избор или поништување изготвуваат известувања до сите економски оператори учесници во постапката, нив ги потпишува претседателот на Комсијата и ги испраќа преку ЕСЈН.
  1. Одговорното лице-Директорот  склучува договор со избраниот најповолен понудувач.
  1. Овластено лице за превземање на финансиски обврски одговорен за реализација на основниот договор во рок утврден во договорот се грижи за доставувањето и важноста на банкарската гаранција од страна на економскиот оператор и ја следи исполнетоста на обврските од договорот и е одговорен за покренување на известување до Одговорното лице-Директорот работи доколку се исполнети условите за раскинување на договорот, условите за продолжување на рокот за исполнување на договорот и продолжување на важноста на банкарската гаранција.
  2. Лицето овластено за реализација на договорот изготвува и правни акти и други потребни документи / опомени / укажувања / известувања / итн. за состојби кога не се целосно почитувани одредбите на договорот склучен помеѓу ЈОУДГ БАМБИ М.Каменица и економскиот оператор / добавувачот односно постојат состојби во кои има отстапувања од договорените / работи / стоки / услуги.
 
  • Документи за известување

Влезни документи во процесот се:

  • Иницијатива со спецификација и критериуми за отпочнување на набавка;   
  • Одлука за јавна набавка;
  • Тендерска документација;
  • Оглас за прибирање на понуди и за доделување на договор за јавна набавка;
  • Поднесени понуди;
  • Жалба од понудувач.

Излезни документи во процесот се:

  • Записник од отварање на понудите;
  • Листа на негативни референци;
  • Извештај од евалуација на понудите, извештај за тек на аукција / извештај за поднесување на конечна цена и ранг листа на понудувачите со предлог за најповолен понудувач до Одговорното лице.
  •  Одлука за избор на најповолен понудувач / Одлука за поништување на постапката
  • Известување до понудувачите;
  • Одговор на жалба;
  • Договор за набавка на работи / стоки / услуги;
  • Известување за склучен договор до БЈН
  • Овластување за назначување на лице за реализација на договорот
  • Известување за активирање на банкарска гаранција.
  • Временски период

Во подолунаведената табела се дадени роковите за поднесување на пријавите за учество или понудите кај сите постапки предвидени согласно Законот за Јавни набавки.

Проценета вредност во евра    Вид на постапка која може да се користиРок на поднесување на понуди или пријави за учество
До 10.000 евра во денарска противредност, без вклучен ДДВ (стоки, услуги ) До 20.000 евра во денарска противредност, без вклучен ДДВ ( работи)Набавка од мала вредност    7 дена  
До 70.000 евра во денарска противредност, без вклучен ДДВ (стоки, услуги ) До 500.000 евра во денарска противредност, без вклучен ДДВ ( работи)Поедноставена Отворена постапка  15 дена    
Над: 70.000 евра во денарска противредност, без вклучен ДДВ (стоки, услуги ) Над 500.000 евра во денарска противредност, без вклучен ДДВОтворена постапка  30 дена    
  • Правни акти (законски и подзаконски акти) кои го уредуваат процесот на планирање на ЈН и доделувањето на договорите за Јавни набавки
  • Закон за јавни набавки („Службен весник на РСМ“ 24/2019)
    • Правилник за формата и содржината на барањето на мислење за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас(„Службен весник на РСМ“ бр.64/19);
    • Правилник за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на РСМ“ бр.64/19);
    • Правилник за начинот на избор на постапките за јавни набавки кои ќе бидат предмет на управна контрола, како и начинот на вршење на управна контрола(„Службен весник на РСМ“ бр.64/19);
    • Правилник за начинот на водење на евиденција на постапките за јавни набавки, како и содржината на евидентна книга(„Службен весник на РСМ“ бр.64/19);
    • Правилник за содржината на записник од извршената управна контрола(„Службен весник на РСМ“ бр.64/19);
    • Правилник за Програмата за едукација, планирањето, начинот на спроведување на едукацијата и испитот, начинот на издавање и продолжување на важноста на потврдата за положен испит за лице за јавни набаавки(„Службен весник на РСМ“ бр.64/19);
    • Правилник за формата, содржината како и начинот на изготвување на годишниот план за јавни набавки („Службен весник на РСМ“ бр.64/19);
    • Правилник за видовите на посебни услуги кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги(„Службен весник на РСМ“ бр.64/19);
    • Тарифник за висината за надоместоците за користење на електронскиот систем за јавни набавки Правилник за формата и содржината на годишниот план за јавни набавки („Службен весник на РСМ“ бр.64/19);
    • Тарифник за висината на надоместок за едукација за јавни набавки Правилник за формата и содржината на годишниот план за јавни набавки („Службен весник на РСМ“ бр.64/19);

15.Преодни и завршни одредби

      Овој документ стапува  во сила со денот на негово донесување.

     Процедурата ќе биде објавена на веб страната на Установата.

     Документот е за интерна употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *